Шолц очекува брзо донесување одлука за претседател на Европската комисија
- Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва изјави дека е уверен оти Европската унија ќе може брзо да се договори за следниот претседател на Европската комисија и оцени дека тоа е неопходно бидејќи Европа минува низ тешки времиња.
Брисел, 17 јуни 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва изјави дека е уверен оти Европската унија ќе може брзо да се договори за следниот претседател на Европската комисија и оцени дека тоа е неопходно бидејќи Европа минува низ тешки времиња.
„Со оглед на тоа што политичката платформа која досега ја поддржуваше претседателката (Урсула фон дер Лајен) во Парламентот повторно има мнозинство, верувам дека ќе биде можно брзо да се изнајде смислено решение“, изјави Шолц за новинарите по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Тој додаде дека е важно брзо да се донесе одлука бидејќи, како што наведе, „живееме тешки времиња и важно е да се знае каква е иднината на Европа“. рп/
Фото: МИА архива