• недела, 28 јули 2024

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Скопје, 21 март 2023 (МИА) – Раководството на македонскиот фудбалски шампион Шкупи денес одлучи да ја прекине соработката со тренерот Гоце Седлоски. Ова е втор отказ за поранешниот македонски репрезентативец кој на тимот од Чаир минатата година му ја донесе титулата, прва по „ерата“ на Слога Југомагнат.

 

Седлоски еднаш беше отпуштен во есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, но набргу потоа беше вратен на тренерската позиција.

 

Информацијата за разделбата со Седлоски, Шкупи се очекува официјално да ја потврди попладнево.

 

Засега не е објавено кој ќе го наследи Седлоски на местото шеф на стручниот штаб на Шкупи. зс/

Остани поврзан