• среда, 25 декември 2024

Шкотските власти бараат истрага за подготовките на Селтик во Дубаи

Шкотските власти бараат истрага за подготовките на Селтик во Дубаи
Единбург, 6 јануари 2021 (МИА) - Вицепремиерот и министер за образование во шкотската Влада, Џон Свини, го критикуваше Селтик, откако прволигашот од Глазгов замина на подготовки во Дубаи во услови кога во Велика Британија на сила се строги епидемиолошки мерки поради големиот број на заразени случаи со коронавирусот. - Тоа е лош пример, особено сега во услови кога граѓаните живеат под строги рестрикции. Во овие моменти, сите ние со нашето однесување мораме да бидеме пример како да се преброди оваа тешка ситуација, изјави Свини. Селтик отпатува на подготовките во Дубаи во саботата, веднаш по поразот во големото шкотско дерби од Глазгов Ренџерс со 1:0. Шкотската Влада побара од националниот фудбалски сојуз да го испита целиот случај, но од Селтик порачаа дека подготовките биле договорени уште од пред неколку месеци и оти за тоа имале дозвола од фудбалската асоцијација и владините служби. ег/ми/

Остани поврзан