Шифрин ќе го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на грбот
- Двократната олимписка шампионка Микаела Шифрин ќе го пропушти почетокот на Светскиот куп сезона 2020/21.

Вашингтон, 9 октомври 2020 (МИА) - Двократната олимписка шампионка Микаела Шифрин ќе го пропушти почетокот на Светскиот куп сезона 2020/21.
Дваесет и петгодишната Американка има проблеми со грбот. Таа нема да се натпреварува на првиот натпревар во Зелден, Австрија, каде што ќе се одржи велеслалом.
- Ме советуваа да го прескокнам Зелден за да ми закрепне грбот и да можам да учествувам на сите трки до крајот на сезоната, напиша Шифрин на Инстаграм.