• вторник, 24 декември 2024

Шифрин постави рекорд по победи во Светскиот куп во алпско скијање за жени

Шифрин постави рекорд по победи во Светскиот куп во алпско скијање за жени

Кронплац, 24 јануари 2023 (МИА) - Американската алпска скијачка Микаела Шифрин го постави новиот рекордот за победи во Светскиот куп. Таа денеска победи во велеслалом во Кронплац, Италија. Оваа победа и беше 83-та во кариерата.

На Шифрин и беа потребни 11 години за рекордот. Таа првпат победи во Светскиот куп на 20 декември 2012 година.

Претходниот рекорд го држеше нејзината сонародничка Линдзи Вон со 82 победи. Вон се повлече од спортот во 2019 година.

Шифрин има шанса да го собори рекордот на сите времиња по победи во алпско скијање, кој му припаѓа на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк - 86 победи. зс/

Остани поврзан