Шифрин го освои големиот кристален глобус
- Американката Микаела Шифрин е победничка во светскиот скијачки куп сезона 2021/22. Ова е епилогот по денешниот супервелеслалом возен во фрнцуски Куршевел.

Куршевел, 17 март 2022 (МИА) – Американката Микаела Шифрин е победничка во светскиот скијачки куп сезона 2021/22. Ова е епилогот по денешниот супервелеслалом возен во фрнцуски Куршевел.
Шифрин трката ја заврши на 2. место, доволно за конечен триумф. Победи Рагнхил Мовинкел од Норвешка со време 1:13.68 минута, односно пет стоти делови од секунда побрзо од Шифрин. Трета беше Мишел Гисин од Швајцарија со време 1:13.81 минута.
Генерален пласман на најдобрите три скијачки во Светскиот куп:
1. Михаела Шифрин (САД) - 1425 бода
2. Петра Влхова (Словачка) – 1189
3. Федерика Брињоне (Италија) – 955. зс/