• петок, 08 ноември 2024

Шефот на СЗО бара 135 милиони долари за борба против мајмунските сипаници

Шефот на СЗО бара 135 милиони долари за борба против мајмунските сипаници

Женева, 24 август 2024 (МИА) - Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална усогласена акција против новата епидемија на мајмунски сипаници и најави дека за тоа ќе бидат потребни најмалку 135 милиони долари во следните шест месеци.

- Дозволете ми да бидам јасен: оваа нова епидемија на мајмунски сипаници може да се контролира и запре, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус синоќа во говорот пред земјите-членки на СЗО, кој подоцна беше објавен на социјалната мрежа Х.

„Одговорот на оваа сложена епидемија бара сеопфатен и координиран меѓународен одговор“, нагласи Гебрејесус. зш/

 

Остани поврзан