Шефот за клима од ОН: Климатската акција „ќе издржи“ пост-Трамп период
- Глобалната акција за климатските промени „е силна и ќе опстане“ и покрај реизборот на Доналд Трамп, кој вети дека ќе се повлече од Парискиот договор, изјави денеска шефот на ОН за климата.
Баку, 12 ноември 2024 (МИА) - Глобалната акција за климатските промени „е силна и ќе опстане“ и покрај реизборот на Доналд Трамп, кој вети дека ќе се повлече од Парискиот договор, изјави денеска шефот на ОН за климата.
„Многу од вас известуваа за климатските импликации на политичките настани во последните недели. Само ќе го кажам ова: нашиот процес е силен. Тој е робустен и ќе издржи“, им рече Сајмон Стил на новинарите на разговорите за КОП29 во Баку. зш/