• понеделник, 23 декември 2024

Шест спринт трки во новата сезона во Формула 1

Шест спринт трки во новата сезона во Формула 1


Лондон, 11 јули 2024 (МИА) – Шест спринт трки ќе се организираат следната сезона во шампионатот во Формула 1, соопшти денеска ова натпреварување.
Спринт трки во должина од по 100 километри ќе се возат во саботите, ден пред главните трки во Кина, Мајами, Белгија, Остин, Бразил и Катар.
Првата спринт трка ќе се вози во Кина, каде Ф1 викендот е планиран од 21 до 23 март 2025 година.
„Спринтот беше огромен успех за Формула 1, носејќи им на нашите навивачи повеќе акција и трки на патеката. Доказот за тоа гледаме во нашите податоци, присуството на навивачите во петок и податоците од промоторите и партнерите. Додека се подготвуваме да ја прославиме нашата 75-годишнина, ние секогаш ќе ја почитуваме нашата неверојатна историја, но мораме секогаш да гледаме напред, да иновираме и подобруваме за да испорачаме најмногу за нашата растечка и разновидна база на навивачи“, рече директорот на Формула 1, Стефано Доменикали. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан