• четврток, 18 декември 2025

Шведскиот Парламент поддржа задолжување до 26,8 милијарди евра за зајакнување на одбраната

Шведскиот Парламент поддржа задолжување до 26,8 милијарди евра за зајакнување на одбраната

Стокхолм, 19 јуни 2025 (МИА) - Сите партии во шведскиот Парламент се согласија да го поддржат планот на Владата за значително инвестирање во вооружувањето и тоа да се плати со заеми до 26,8 милијарди евра, соопшти денеска шведската Влада.

„Шведска е во многу сериозна безбедносна ситуација“, рече на прес-конференција шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.

Тој посочи дека поради тоа е многу добро што е постигнат широк и долгорочен политички договор за многу големи инвестиции во одбраната во наредните години. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан