• петок, 14 март 2025

Шведска ќе обезбеди речиси 127 милиони евра помош за Украина

Шведска ќе обезбеди речиси 127 милиони евра помош за Украина

Стокхолм, 13 март 2025 (МИА) - Шведска ќе обезбеди повеќе од 1,4 милијарди шведски круни (126,7 милиони евра) на Украина како помош за обнова и развој, како и за итни хуманитарни потреби, изјави денеска шведскиот министер за меѓународен развој Бенџамин Доуса.

Тој на прес-конференција рече дека пакетот помош, кој е најголемата шведска програма за цивилна помош досега издвоена, вклучува и поддршка за реконструкција на уништената инфраструктура, како и за деминирање и обука на здравствените работници.

„Поддршката за Украина е прашање на солидарност, но и на безбедноста на Шведска“, додаде Доуса. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан