• сабота, 23 ноември 2024

Шведска разгледува опции за испраќање борбени авиони во Украина

Шведска разгледува опции за испраќање борбени авиони во Украина

Стокхолм, 12 септември 2023 (МИА) - Шведската влада разгледува опции дали да донира борбени авиони Грипен на Украина за да и помогне во борбата против Русија, јави шведското јавно радио Ес-Ер, повикувајќи се на неименувани извори.

Владата сака да проучи како можното предавање на авионите би влијаело на одбранбените способности на Шведска и колку брзо земјата би можела да набави нови ловци Грипен, јави ЕС-Ер.

Според радиото, можно е веќе в четврток владата формално да побара од вооружените сили да го разгледаат тоа прашање.

Холандија и Данска ги предводат напорите за снабдување на Украина со борбени авиони Ф-16 од американско производство за да се спротивстават на руската воздушна супериорност.

Според информациите на ЕС-Ер, Украина се надева дека ќе добие ескадрила од авиони Грипен, произведени од шведската компанија Сааб или 16 до 18 ловци.

Оваа година, шведските власти најавија дека ќе им дадат шанса на украински пилоти да се запознаат со борбените авиони Грипен, но владата, исто така, посочи дека и се потребни сите нејзини авиони за да ја брани територијата на државата. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан