• среда, 11 септември 2024

Швајцарија поразена од Летонија во првата контролна средба пред гостувањето во Скопје

Швајцарија поразена од Летонија во првата контролна средба пред гостувањето во Скопје
Валмеира, 26 јули 2021 (МИА) – Еден од двата ривала на македонските кошаркарки во Мундијалските претквалификации, репрезентацијата на Швајцарија, загуби на гости од Летонија со 85:66. Клучна за поразот на Швајцарците во првиот тест дуел, беше лошата игра во последната четвртина која ја загубија со 23:9. Роберто Ковач со 15 поени бил прв стрелец во селекцијата на Швајцарија а двоцифрен број на поени постигнале уште Рочак (12), и Казади (10). Претквалификациите во Скопје ќе се одржат од 12 до 18 август, а во нив покрај македонската и швајцарската, ќе учествува и селекцијата на Словачка. зс/

Остани поврзан