• четврток, 18 декември 2025

Шајнбаум: Го отфрлив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико

Шајнбаум: Го отфрлив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико

Мексико Сити, 4 мај 2025 (МИА) - Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум синоќа изјави дека го отфрлила предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање американски трупи во Мексико за борба против трговијата со дрога.

Шајнбаум рече дека суверенитетот на Мексико не е на продажба.

„Територијата е света, суверенитетот е свет, суверенитетот не е на продажба, суверенитетот се сака и брани“, рече Шајнбаум на митинг во близина на Мексико Сити. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан