• среда, 20 ноември 2024

Шахистите на „Алкалоид“ со теоретски шанси за титулата на Европскиот куп во Струга

Шахистите на „Алкалоид“ со теоретски шанси за титулата на Европскиот куп во Струга
Струга, 24 септември 2021 (МИА) – Шахистите на скопски „Алкалоид“ со теоретски шанси за освојување на титулата ќе го очекуваат последното коло на 36. Европски клупски куп, чиј домаќин во Струга е Македонската шаховска федерација. Алкалоид во претпоследното коло со шест реми партии одигра нерешено 3-3 против чешкиот состав „АВЕ Нови Бор“ и пред завршната пресметка е четвртопласиран со два бода помалку од рускиот „Медни Всадник“, кој по триумфот од 3.5-2.5 над „С. А Сила“ од Шпанија е на чекор од својата втора европска титула. Од другите македонски екипи, спроти последното коло, „Прилеп“ е на 12 место со осум бодови, „Гамбит Асеко СЕЕ“ е на 18 место со шест бодови, додека „Гостивар“ е на 31 место со четири бодови. Во женска конкуренција, титулата на 25. Европски клупски куп веќе ја обезбеди руската екипа „Јужен Урал“ со триумфот во претпоследното коло над „Алкалоид“ со високи 3.5-0.5. Шахистките на „Алкалоид“ влегуваат во завршната рунда како петтопласирани со три бодови, колку што има освоено и екипата на „Куманово“ на шестото место, додека третата македонската екипа во женска конкуренција, „МСК Центар“ е на последното, осмо, место со два бода. ег/ар/

Остани поврзан