Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд
- Заврши победничката серија на Кливленд кавалирс и со тоа нема веќе непоразени екипи оваа сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Бостон, 20 ноември 2024 (МИА) – Заврши победничката серија на Кливленд кавалирс и со тоа нема веќе непоразени екипи оваа сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.
Актуелниот шампион Бостон селтикс ноќеска го победи Кливленд со 120:117. Ова е прв пораз за Кавалирс по 15 последователни победи од почетокот на сезоната.
Најзаслужен за победата на домаќините е Џејсон Тејтум кој постигна дабл-дабл со 33 поени и 12 скока.
Во поразениот тим се истакна Донован Мичел со 35 поени.
Кливленд е на првото место во Источната конференција со скор 15-1. Бостон е втор со 12 победи и три порази. зс/
Фото: ЕПА