Чориќ: Немам коронавирус, повторно сум на терен
- Тој беше еден од заразените учесници на „Адрија тур“.

Задар, 11 јули 2020 (МИА) - Хрватскиот тенисер, Борна Чориќ објави дека е негативен на последниот тест за коронавирус.
Тој беше еден од заразените учесници на „Адрија тур“.
Чориќ објави дека повеќе го нема вирусот.
- Среќен сум што сум повторно на теренот, убаво е чувството повторно да бидам надвор, рече Чориќ.
Хрватот се тестираше позитивно во Задар, по откажувањето на турнирот.
Чориќ претходно играше против Григор Димитров, кој беше првиот што објави дека е заразен со вирусот.
Тој истакна дека немал никакви симптоми за време на изолацијата и дека се чувствува добро.