• сабота, 12 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО во посета на касарната „Илинден“

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО во посета на касарната „Илинден“

Скопје, 6 април 2025 (МИА) - Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, кои се во неколкудневна посета на нашата држава, денеска заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски ја посетија касарната „Илинден“ во Скопје, соопштија попладнево од собраниската прес-служба.

Делегацијата била пречекана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, како и високи претставници на Министерството за одбрана и Армијата.

- За време на посетата, членовите на ПК на НАТО, имаа можност да проследат неколку показни вежби на Армијата со што се прикажа обученоста на припадниците на Армијата при изведување комплексни сценарија. Во Домот на Армијата беа брифирани за развојот на македонската Армија и одбраната, се наведува во соопштението.

Во писмената изјава на генералот Лафчиски се наведува дека „оваа годишнина служи како потсетување дека нашето место во Алијансата е резултат на повеќе децениски труд, а нашата иднина е изградена на принципите на колективна одбрана, солидарност и соработка“. бд/аа/

Фото: Собраниска прес-служба

Остани поврзан