Чизкејкот со јагоди е освежителен и елегантен десерт, совршен за пролет и лето. Кремастиот фил од сирење одлично се комбинира со благо-киселиот вкус на јагодите, создавајќи хармоничен и нежен колач.
Состојки:
- Подлога
- 450 грама бисквити
- 200 грама растопен путер
- Фил од сирење
- 800 грама кремасто свежо сирење
- 4 лажици брашно
- 2 лажички арома од ванила
- 200 грама слатка павлака
- 330 грама шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
- рендана кора од 1 лимон
- 5 јајца
- Прелив од јагоди
- 400–500 грама свежи јагоди
- 100 грама шеќер (по вкус)
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажица лимонов сок
- 1–2 лажици густин
- 50 мл вода
Подготовка:
- Подлога: Бисквитите сомелете ги во ситни трошки. Додадете го растопениот путер и измешајте додека смесата не стане компактна.
Распоредете ја во калап (28 см), притискајќи ја по дното и страните.
- Фил од сирење: Изматете го крем-сирењето додека стане мазно. Додајте брашно, ванила, слатка павлака, шеќер и кора од лимон, па кратко измешајте.
Додавајте ги јајцата едно по едно, мешајќи кратко. Истурете го филот врз подлогата.
Печете во загреана рерна на 160 °C околу 70 минути. Оставете го да се лади постепено во рерната, па потоа во фрижидер најмалку 4 часа.
- Прелив од јагоди
Јагодите исечкајте ги (половина можете да ги оставите на поголеми парчиња). Ставете ги во тенџере со шеќер, ванилин шеќер и лимонов сок.
Варете додека да омекнат и пуштат сок. Додајте густин растворен во вода и мешајте додека се згусне.
Малку изладениот прелив нанесете го врз изладениот чизкејк.
Оставете го колачот во фрижидер уште 1–2 часа за да се стегне преливот. По желба украсете со свежи јагоди одозгора.
Фото: Фрипик