• вторник, 24 декември 2024

Чешка: Се снима серија „Љубов во ерата на коронавирус“

Чешка: Се снима серија „Љубов во ерата на коронавирус“
Прага, 7 април 2020 (МИА) -Чешката државна телевизија ја тестираше претпоставката околу тоа дека смеењето е најдобриот лек, и во таа смисла, одлучи да сними еден вид хумористична серија за животот во една зграда во Прага за време на тековната пандемија на коронавирус. Снимањето на серијалот, насловен „Љубов во ерата на коронавирус“, треба да започне за една недела. Во шест епизоди, под мотото - Една куќа, три генерации, една глобална пандемија - ќе ги следи животите на жителите на зградата. Главните ликови се Франта - тинејџерка чии родители се „заглавени“ во странство поради ограничувањата на патување поради коронавирусот, натаму - пензионираниот Либор кој одеднаш треба да се грижи сам за себе, како и новопечената брачната двојка Петр и Ана, чијшто брак во карантин е на вистински тест-предизвик. Гледачите на чешката телевизија се поканети да споделат свои искуства на интернет-страницата на новиот ситком, како дел од драстичните ограничувања воведени при вонредната состојба.  си/

Остани поврзан