• сабота, 23 ноември 2024

Чешката министерка Малачова го нарече премирот Бабиш „дебил“

Чешката министерка Малачова го нарече премирот Бабиш „дебил“
Прага, 19 октомври 2020 (МИА) - Министерката за труд на Чешка, Јана Малачова мислејќи дека микрофонот е исклучен го нарече премиерот Андреј Бабиш „дебил“. - Тој Бабиш направи бордел (од државата). И сега сите мораме да лижеме. Извинете, тој е дебил, изјави Малачова на крајот на интервјуто за Чешката телевизија. Изминатите недели лидерите на опозициските партии остро ја критикуваа Владата и премиерот поради направените грешки во борбата против новиот коронавирус, при што не се воведе задолжително носење маски и се пролонгираше воведување на вонредна состојба. Во Чешка за две недели регистрирани се над 9.000 новозаболени луѓе. ми/  

Остани поврзан