• среда, 27 ноември 2024

Чешката влада ја продолжи контролата на границата со Словачка

Чешката влада ја продолжи контролата на границата со Словачка

Прага, 1 ноември 2023 (МИА) - Чешката влада денеска донерсе одлука до 22 ноември да ги продолжи привремено воведените контроли за луѓето кои влегуваат на границата со Словачка,јави ДПА.

„Се додека не се обезбеди ефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ, ние мора да го решиме проблемот со илегалната миграција на внатрешните граници на Шенген“, кажа министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на платформата Х.

Во обид да се бори против шверцот со луѓе, Чешка воведе привремени проверки на границата со Словачка на почетокот на октомври. Овие гранични контроли досега беа продолжени до 2 ноември, додава германската агенција.

Во цела 2022 година низ Чешка беа приведени 248 осомничени шверцери на луѓе, а само годинава се приведени над 340, наведе владата во Прага.

До нивната поделба во 1993 година, Чешка и Словачка беа во заедничка држава, Чехословачка, потсетува ДПА. сд/ 

Остани поврзан