• петок, 26 јули 2024

Четири интервенции на кумановските пожарникари изминатово деноноќие

Четири интервенции на кумановските пожарникари изминатово деноноќие
Куманово, 26 јули 2022 (МИА) - Екипите на кумановската противпожарна единица претпладнево го изгасија пожарот на помошен објект во кумановското село Пчиња, соопшти територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот избувнал во 04:00 часот, утрово. Најнапред интервенирала само една екипа, по што е испратена и втора со друго возило. Пожарникарите во текот на вчерашниот ден интервенирале во два наврати и на пожар во село Проевце кај „Ловечки Дом“ кој минатата ноќ беше предизвикан од удар на гром. Првпат интервенирале од 13:45 до 14:55 часот, втор пат од 16:35 до 18:00 часот, се наведува во информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во липковското село Белановце вчера бил опожарен џип на МВР. Од 15:50 до 17:05 часот четворица пожарникари го гаселе пожарот на возилото со едно противпожарно возило. ам/ев/

Остани поврзан