• сабота, 31 август 2024

Четири возила се судрија на експресниот пат Штип - Радовиш

Четири возила се судрија на експресниот пат Штип - Радовиш

Кочани, 14 август 2024 (МИА) – Четири возила, од кои три патнички и едно товарно, попладнево се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш.

Од СВР - Штип ја потврдија сообраќајната несреќа без да соопштуваат подетални информации, со оглед што на лице место сè уште трае увидот и утврдувањето на околностите поради кои дошло до судирот.

Според првичните сознанија во сообраќајката нема загинати лица, а движењето на другите возила не е во прекин, односно сообраќајната полиција ги пренасочува.

Подетални информации се очекуваат по завршувањето на увидот. та/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан