• понеделник, 23 декември 2024

Честитка по повод Нова година од МАЕИ и МД „Илинден“

Честитка по повод Нова година од МАЕИ и МД „Илинден“
Дебар, 1 јануари 2020 (МИА) - Честики по повод Новата 2020 година упатија еднствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и македонското друштво „Илинден“-Тирана. -Од мое име и од името на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ на сите граѓани им ја честитам Новата 2020 година, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба, стои во честитката на МАЕИ, потпишана од претседателот Васил Стерјовски. Посочува дека и во 2020 година, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ ќе продолжи со својата мисија за права, слободи, правда, демократија и развој на Македонците и на сите граѓани на Република Албанија. -Заедно во нови битики за права, слободи и просперитет! Среќна Нова 2020 година, стои во честитката. Среќна Нова година посака и македонското друштво „Илинден“ - Тирана со желби за здравје, среќа, меѓусебно разбирање и напредок на секој план. вт/дма/

Остани поврзан