Честитка од Министерството за јавна администрација по повод 13 Ноември - Ден на ослободувањето на Скопје
- СООПШТЕНИЕ: На овој значаен ден, 13 Ноември, со гордост и почит го одбележуваме денот на ослободувањето на нашиот главен град, Скопје. Денес се потсетуваме на храброста и пожртвуваноста на оние кои се бореа за слободата и иднината на нашата татковина.

Скопје, 13 ноември 2024 година
На овој значаен ден, 13 Ноември, со гордост и почит го одбележуваме денот на ослободувањето на нашиот главен град, Скопје.
Денес се потсетуваме на храброста и пожртвуваноста на оние кои се бореа за слободата и иднината на нашата татковина.
Скопје е град на историја, но и на современост, на култура, солидарност и развој.
На овој ден, се обврзуваме дека ќе продолжиме да работиме на неговиот напредок, на создавањето на подобри услови за сите нас и за генерациите кои доаѓаат.
Нека ни е честит 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје!
Ви благодариме.
Со почит,
Кабинет на Министер за јавна администрација
Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Министерство за јавна администрација на Република Северна Македонија