Манасиевски: Димитријевиќ и СДС се ставија на услуга на српската опозиција
- Димитријевиќ и СДС се ставија на услуга на српската опозиција, станаа маргинална партија во Македонија поради лични интереси на Зоран Заев и Зоран Башановиќ, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција, што МИА ја преенсува интегрално.
21 април 2026
Димитријевиќ и СДС се ставија на услуга на српската опозиција, станаа маргинална партија во Македонија поради лични интереси на Зоран Заев и Зоран Башановиќ, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција, што МИА ја преенсува интегрално.
Генералниот секретар на СДС, Александар Саша Димитријевиќ, имал средба со српскиот опозиционер Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој дошол во Македонија со една цел а тоа е да оформи опозициски фронт со СДС за заеднички да соработуваат.
Инаку, Бранко Ружиќ лани бил суспендиран од својата партија СПС, поради неговите јавни ставови против власта во Србија, за само една година подоцна повторно да ги продолжи неговите политики, односно да делува опозициски.
Зад целата оваа приказна, стојат Зоран Башановиќ, и неговиот куќен пријател Зоран Заев, кои поради свои лични интереси работат за опозицијата во Србија.
Го прашуваме директно Димитријевиќ, генералниот секретар на СДС, дали средбата која се одржала во Скопје, српскиот политичар Бранко Ружиќ дошол во Македонија со бела шкода со регистарски таблички BG 3020 UC? Димитријевиќ треба да одговори дали на таа средба присуствувал и уште еден висок член на претседателство на партија СДС од Србија? Зошто СДС се става на располагање на опозиција во друга држава, а не се фокусира на македонската политичка сцена? И до кога поради Заев, СДС ќе тоне во кал?
Очекуваме одговори од Димитријевиќ и од СДС, а не празни флоскули. Утре на прес-конференција го откриваме името на вториот функционер од Србија со кој Димитријевиќ се има сретнато за оформување на овој опозициски фронт.
Манасиевски: Се потврдија нашите тези дека Заев е стопанот, а Филипче чиракот, тоа е лошо за СДС која не се менува
Прашање: На вчерашниот роденден на Социјалдемократскиот сојуз се појави и поранешниот претседател и премиер Зоран Заев, кој беше еуфорично пречекан, кој е вашиот коментар за ова?
Одговор: Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДС, се потврдија сите наши тези дека Зоран Заев е стопанот, а Филипче е чиракот во СДС.
Доколку СДС сака да се реформира и да биде главна опозиција во Македонија, мора да се оградат и дистанцираат од аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Инаку, ако продолжат по истите овие стапки – тоа навистина е многу лошо за СДС, кој што како што гледаме нема намера да се промени.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=r19mOCOtZz4
https://we.tl/t-hZVV6dFLPSXUX0cN
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ