• понеделник, 16 декември 2024

Честитка од лидерот на СДСМ, Филипче, по повод празникот Св.Климент Охридски

Честитка од лидерот на СДСМ, Филипче, по повод празникот Св.Климент Охридски

Скопје, 8 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, упати честитика до граѓаните со порака „да биде честит и вековит денешниот празник посветен на Свети Климент Охридски, патрон на македонската култура и меѓу најзначајните личности за македонската писменост“. 

Во честитката Фикипче напиша дека „просветителското дело на Свети Климент Охридски на македонско тло, вербата и истрајноста со коишто тој ја ширел словенската писменост, се наш аманет и патоказ дека сè е можно и дека за сè постои начин, ако се умее и ако се сака“.

-Огромно е значењето на Климент Охридски во создавањето на првото словенско писмо. Во времиња на прогонства и осуди, успева да го основа и првиот своевиден балкански и европски универзитет, Охридската книжевна школа, речиси два века пред првите официјални универзитети во Европа.Токму поради мисијата со којашто духовно и културно ги обединува народите во Европа, зазема посебно место и во европскиот цивилизациски развој. Да се има ваква личност во македонската историја е чест и обврска. Ние ја продолживме Светиклиментовата мисија и денес македонскиот јазик е на рамноправно рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ, во НАТО и во ОН. Но, секое време има потреба од идејност и решителност и правецот за сите се прогресот и заедништвото, стои во честитиката на Филипче.

Во партиското соопштение се наведува дека претседателот на СДСМ по повод денешиот празник упатил честитка и до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, „чиј патрон е Свети Климент Охридски, како прв словенски епископ на просторите на Југоисточна Европа“. хс/дма/

Фото: СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

 


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан