• четврток, 12 декември 2024

Честа комуникација - клуч за доверба, искреност и силна врска меѓу родителите и детето

Честа комуникација - клуч за доверба, искреност и силна врска меѓу родителите и детето

Торонто, 11 декември 2024 (МИА) - Почестата и плодотворна комуникација е клучна за градење доверба и силна врска меѓу родителите и децата. Моќните, но едноставни изрази може да им помогнат на децата да се чувствуваат безбедно, сакано и поддржано додека ги споделуваат своите мисли и чувства со мајката и таткото.

- Создавањето безбеден простор каде што вашите деца ќе се чувствуваат ранливи е еден од најважните подароци што може да им ги дадете. Кога децата се чувствуваат доволно безбедно да ги споделат своите најдлабоки мисли и чувства, тие почнуваат да ги развиваат емоционалните вештини потребни за да се соочат со животните предизвици, да градат значајни односи и негување на издржливост, појасни детскиот психолог од Торонто, Канада, андрагог, воспитувачка и мајка, Џејми Блох.

Таа сподели низа претпочитани реченици, совети, изрази и вербални пристапи за поттикнување подобра комуникација со своите деца. Следат примери за постигнување на тој поблизок однос:

1. „Тоа што го чувствува е сосема разбирливо и нормално. Толку сум благодарен што се чувствуваш доволно безбедно и можеш да го споделиш тоа со мене.“

2. „Ние сме во ова заедно. Без суд и покажување со прст, само љубов. Што имаш на ум?"

3. „Не си сам /-а во ова. Не мора да го потискаш тоа во себе. Сакам да слушнам што имаш на ум. Дали си подготвен /-а да зборуваме за тоа?“

4. „Секогаш можеш да бидеш тоа што си, со мене. Јас секогаш ќе те прифатам каков / каква што си.“

5. „Нема брзање. Одвој си време и најди ги вистинските зборови. Тука сум да разговарам секогаш кога ти треба и си подготвен /-а. Запомни, не очекувам секогаш да ги имаш сите одговори."

Сиве овие реченици го истакнуваат разбирањето, почитта и љубовта на родителите кон своето дете. Неизбежно, тоа ја зајакнува меѓусебната доверба и потребната блискост.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан