Челзи се вклучи во борбата за Асенсио
- Премиерлигашот Челзи е заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио.
![Челзи се вклучи во борбата за Асенсио](https://mia.mk/index.php/images/20221113165237_big_730x400_1.webp )
Мадрид, 28 јуни 2022 (МИА) – Премиерлигашот Челзи е заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио.
Како што објави „Sport.es“, лондонскиот клуб се вклучил во борбата за 26-годишниот Шпанец за кого се „тркаат“ уште и Милан, Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Во сезоната 2021/22, Асенсио постигна 12 гола и даде две асистенции на 42 натпревари за Реал Мадрид.
Порталот Transfermarkt.com ја проценува фудбалерот на 40 милиони евра. Неговиот договор со Кралскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2023 година. зс/