• понеделник, 23 декември 2024

Чаби Алонсо добива улица во Леверкузен

Чаби Алонсо добива улица во Леверкузен

 

Леверкузен, 16 април 2024 (МИА) – Постои шанса во блиска иднина една од градски улици во Леверкузен да го носи името на шпанскиот фудбалски стратег и актуелен тренер на локалниот клуб Баер, Чаби Алонсо, пишува денешен „Шпигел“.

Минатиот викенд Баер Леверкузен на домашен терен го победи Вердер со 5-0 и со тоа и математички ја обезбеди шампионската титула во Бундеслигата на пет кола пред крајот на сезоната.

За клубот од Леверкузен тоа е премиерна шампионска титула во историјата, откако во минатото пет пати на крајот од сезоната завршуваше второпласиран.

Ден по освојувањето на титулата во Бундеслигата, членовите на градскиот совет најавија дека сакаат да им доделат титула почесен граѓанин на играчите, членовите на стручниот штаб, раководството и персоналот на клубот.

Навивачите на Баер од своја страна отидоа чекор подалеку и самите преименуваа една од улиците што водат до стадионот „БајАрена“ во „Xabi Alonso Allee“.

Таа желба на навивачите, како што пишува „Шпигел“, наскоро би можела да стане реалност, бидејќи градот Леверкузен ги испитува административните услови неопходни за официјално една од градските улици да го носи името на шпанскиот тренер Чаби Алонсо.

Во Леверкузен во моментов постои закон кој вели дека улиците не можат да носат имиња на луѓе. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан