• понеделник, 23 декември 2024

ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено

ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  имало вкупно 2 028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 проценти не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,16 отсто, кон Итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 проценти од реалните повици.

Според ЦУК, регистрирани се и четири (3) пожари на отворено. Од 11.50 до 12.45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснела запалена ниска вегетација во атарот на с. Могила (Општина Битола), во 16.20 до 19.20 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено ѓубре патот од Демир Хисар кон Струговско Езеро (Општина Демир Хисар), од 19.00 до 19.50 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во с. Крупиште (Општина Чешиново Облешево) и од 15.50 до 17.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во атарите на селата Таринци и Карбинци (Општина Карбинци).

ЦУК ја пренесува и препораката на АМСМ, по патиштата да се вози со прилагодена брзина и да се почитува поставената сообраќајна сигнализација, особено низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Известуваат.

На повеќе места во државата, наведува ЦУК; се одвиваат работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна и патна сигнализација.

Поради градежни активности на регионалниот пат R-2239 делница с. Бродец – с. Побожје, во наредните денови до 10.10.2024 ќе има целосно блокирање на сообраќајот од 09:30 до 14:30 часот. На овој потег ќе биде поставена соодветна сигнализација при изведба на работите. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан