Црногорскиот министер за правда Божовиќ одлучи кралот на крипто валутите До Квон да биде екстрадиран во САД
- Јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој беше уапсен во Црна Гора, ќе биде екстрадиран во САД, одлучи црногорскиот министер за правда Бојан Божовиќ.
Подгорица, 27 декември 2024 (МИА) - Јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој беше уапсен во Црна Гора, ќе биде екстрадиран во САД, одлучи црногорскиот министер за правда Бојан Божовиќ.
Од Министерството за правда на Црна Гора е потврдено дека Божовиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на До Квон, попознат како крал на крипто валутите.
Екстрадицијата на До Квон ја побарале Јужна Кореја и САД, а Врховниот суд на Црна Гора наложил одлуката за тоа да ја донесе министерот за правда Божовиќ. рп/
Фото: МИА архива