• петок, 27 декември 2024

Црвено предупредување во Велика Британија, милиони луѓе повикани да останат во своите домови поради бурата Дара

Црвено предупредување во Велика Британија, милиони луѓе повикани да останат во своите домови поради бурата Дара

Лондон, 7 декември 2024 (МИА) - Црвеното предупредување за „опасност по живот“ беше издадено за поголемиот дел од Велс и делови од југозападна Англија, бидејќи Дара, четвртата бура во сезоната, стигна до Велика Британија, откако претходно ја зафати Ирска.

Владата испрати СМС порака до околу три милиони луѓе, предупредувајќи ги за претстојните бури и советувајќи ги „да останат во своите домови ако е можно“, нагласувајќи дека не е безбедно да се вози во услови на невреме, објави рано изутринава „Скај њуз“, а црвеното предупредувањето ќе трае до 11 часот.

Лондонската полиција соопшти дека бурата Дара може да донесе брзина на ветерот до 145 километри на час.

Црвеното предупредување е едно од деветте предупредувања кои се во сила викендов, вклучително и две портокалови предупредувања за ветер.

Предупредувањето за ветер важи речиси за цела Велика Британија, а ќе биде во сила до утре наутро.

Бурата Дара веќе предизвика големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија, пишува „Гардијан“.

Според извештаите од Националната мрежа, повеќе од 12.600 домаќинства во централна и југозападна Англија, како и повеќе од 20.000 домаќинства во Велс, останале без струја.

Исто така, на веб-страницата на Електродистрибуција на Северна Ирска, се наведува дека тие во моментов не можат да проценат кога би можело да продолжи снабдувањето со електрична енергија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан