• вторник, 24 декември 2024

Циципас загуби од 94. рекет на светот во првото коло на УС Опен

Циципас загуби од 94. рекет на светот во првото коло на УС Опен
Њујорк, 30 авгсут 2022 (МИА) - Петтиот рекет на светот Стефанос Циципас од Грција во првото коло на УС Опен загуби од Колумбиецот Даниел Галан-Риверос кој е 94-ти на светската ранг-листа, со 1:3, по сетови 0:6, 1:6, 6:3, 5:7. Средбата траеше 2 часа и 43 минути. Циципас имаше пет аса, четири двојни грешки и две реализирани брејк топки од девет шанси. Во второто коло Галан-Риверос ќе се соочи со Џордан Томпсон од Австралија. Шпанецот загуби од Џон Џефри (САД) со 3:0. На машкиот дел на Грен слемот во Њујорк, елиминиран во првото коло е и 16.носител, Роберто Баутиста-Агут. Наградниот фонд на УС Опен изнесува 60 милиони долари. зс/

Остани поврзан