• сабота, 23 ноември 2024

Циципас го одбрани трофејот на Мастерсот во Монте Карло

Циципас го одбрани трофејот на Мастерсот во Монте Карло
Монте Карло, 17 април 2022 (МИА) - Петтиот светски рекет Стефанос Циципас попладнево го победи Алехандро Давидович-Фокина од Шпанија со 2:0, по сетови 6:3 и 7:6 и втора година по ред е шампион на Мастерсот во Монте Карло. Гркот ја освои својата осма титула во кариерата и вториот Мастерс. Циципас стана шестиот играч во Опен ерата кој ја одбранил титулата во Монте Карло. Покрај тоа, тој е првиот играч по големата четворка (Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Енди Мареј) со одбранет трофеј на Мастерсот во Кнежеството. Гркот стана осмиот актуелен играч кој освоил повеќе од една Мастерс титула. Пред него тоа го направија Ѓоковиќ (37), Надал (36), Федерер (28), Мареј (14), Александар Зверев (5), Данил Медведев (4) и Жо-Вилфред Цонга (2). Циципас има освоено најмалку една титула во последните пет сезони. Од друга страна, шпанскиот тенисер Давидович-Фокина го загуби своето прво АТП финале. зс/

Остани поврзан