Наследникот на Аморим пред отказ на клупата на Спортинг
- Тренерот Жоао Переира (40), кој го замени Рубен Аморим на клупата на португалскиот Спортинг кога замина во Манчестер Јунајтед на почетокот на ноември, наскоро ќе добие отказ поради серијата слаби резултати, јавија денеска португалските медиуми.
Лисабон, 24 декември 2024 (МИА) – Тренерот Жоао Переира (40), кој го замени Рубен Аморим на клупата на португалскиот Спортинг кога замина во Манчестер Јунајтед на почетокот на ноември, наскоро ќе добие отказ поради серијата слаби резултати, јавија денеска португалските медиуми.
Тренерот на Виторија Гимараеш, Руи Борхес треба да биде ангажиран да го предводи Спортинг на дербито против лисабонска Бенфика следната недела, објавија спортските дневни весници „А Бола“, „Рекорд“ и „О Јого“.
Спортинг вчера ѝ го препушти на Бенфика лидерското место на табела, откако освои само четири бодови во последните четири кола.
Переира победи само на еден од четирите првенствени натпревари и претрпе два порази во Лигата на шампионите. ег
ФОТО: Фејсбук