Цената на парно греење за деловните корисници во Скопје се намалува за 35 проценти
- Регулаторната комисија за енергетика ја намали цената за парното греење за 35 проценти за сите деловни корисници во град Скопје.

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика ја намали цената за парното греење за 35 проценти за сите деловни корисници во град Скопје.
Ова, како што денеска информираше на прес-конференција претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, се должи на намалувањето на цената на природниот гас на берзите. вј/бак/
Фото: МИА