• сабота, 23 ноември 2024

Целосно дигитализирани патарини до влезот во ЕУ, најавува Маричиќ

Целосно дигитализирани патарини до влезот во ЕУ, најавува Маричиќ

Брисел, 15 март 2023 (МИА) – Наша цел е до зачленувањето во ЕУ да имаме целосна дигитализација на патарините во земјата, изјави денеска во Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

- Целта е да се усогласиме со оваа политика, а тоа значи дека до членството во ЕУ да имаме целосна дигитализација. Тоа не значи дека нема да има вработени луѓе, туку дека начинот на којшто ќе се наплаќа таксата за патарина ќе биде дигитализиран, истакна Маричиќ.

Фото: МИА

Тој нагласи е важно мрежата целосно да функционира и патарина да може да се плаќа како и во други држави, каде обично таа се наплатува на влез во државата и потоа важи за целата држава.

-Тоа  не значи дека се укинуваат патарите, ниту вработените. Се модернизира начинот на кој што се плаќа, којшто треба да биде непречен и да не предизвикува гужви. Целта е на патиштата да нема гужви и бизнисот, патувањата и туризмот непречено да се одвиваат, додаде Маричиќ во Брисел каде учествува нa објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност. 

Во јули 2019 година на патарините на делот од Коридор 10 што минува низ државава е воведен електронски систем за наплата, а во тек е модернизација со поставување таков систем на наплатните станици Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на Коридорот 8.нд/сп/

 

Остани поврзан