• понеделник, 23 декември 2024

Цела Куба остана без струја

Цела Куба остана без струја

Хавана, 19 октомври 2024 (МИА) - Целиот остров Куба вчера остана без струја, оставајќи десет милиони жители во мрак, соопшти Министерството за енергетика и рударство на земјата. 

Огромното мнозинство од 10-те милиони луѓе во земјата сè уште беа во темница вчеравечер, но светлата повторно беа вклучени во делови од главниот град Хавана, вклучително и некои од главните болници во градот.

Министерството вчера објави на „Х“  дека „националниот систем за електрична енергија бил целосно исклучен во 11:00 часот откако откажала една од главните централи на островот“.

Мрежниот оператор УНЕ рече дека се надева дека ќе рестартира најмалку пет од своите постројки за производство на мазут во текот на ноќта, обезбедувајќи доволно електрична енергија за да започне со обновување на струја во пошироките области на земјата.

Владата вчера ги затвори училиштата и дел од индустријата и ги испрати повеќето државни службеници дома во последен обид да се одржи снабдувањето со електрична енергија по неколку недели тежок недостиг.

Затворени се и рекреативните и културните активности, вклучително и ноќните клубови. 

Официјалните лица синоќа рекоа дека работат на решавање на проблемот што предизвика дефект на централата. Тие не ја прецизираа причината за неговиот колапс. мс/

фото: „Х“

Тагови

Остани поврзан