Цветановска: Животи се загрозени, СДСМ бара оставки од директорите на Онкологија, Таравари и Клековски
- Овој хаос на Онкологија е доказ за системската неодговорност и неспособност на раководните лица во здравствениот систем и мора да има одговорност!
Скопје, 25 јануари 2025
Хуманитарна катастрофа се случува на Клиниката за Онкологија со недостиг на неопходни лекови кои им се животно потребни на пациентите.
Колку само човечки животи се загрозени поради недостатокот на лекови овие неколку денови? Животи кои зависат од терапија што актуелната власт не успеала да ја обезбеди.
Изговорите и оправдувањата се неприфатливи.
Овој хаос на Онкологија е доказ за системската неодговорност и неспособност на раководните лица во здравствениот систем и мора да има одговорност!
Бараме итна оставка од: директорите на Клиниката за онкологија, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, министерот за здравство, Арбен Таравари.
Недостигот на соодветен план, ненавремената набавка на лекови, изостанокот на функционален систем и регистар на пациенти укажува дека не е преземено ништо да се заштитат пациентите
кои денес страдаат.
И наместо сериозно и итно да се решава проблемот, властите најавуваат донациии за да се ублажи недостатокот.
Додека животите на нашите граѓани зависат од донации власта планира да купува авион за себе. Срамно, неодговорно и тажно!
Хуманитарната катастрофа на Онкологија е директен резултат на неорганизираноста и неодговорноста на актуелната власт и за ова мора да има одговорност!
Изјава за медиуми, Симона Цветановска, членка на Извршен одбор на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.