• понеделник, 23 декември 2024

Царинска управа: 1,3 килограми сребрен накит запленет на ГП Богородица

Царинска управа: 1,3 килограми сребрен накит запленет на ГП Богородица

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) -

На влез на ГП Богородица царински службеници запленија 1,3 килограми сребрен накит, откако патник кој патувал од Турција се обидел истиот да го внесе во државата без да го пријави кај царинските органи.

Сребрениот накит е откриен при преглед на патничко возило со кое лицето патувало како совозач. Станува збор за 157 парчиња прстени, 21 парчиња нараквици, 45 ланчиња, 26 обетки и 20 привезоци кои лицето ги скрило во ќеса која ја ставил зад задното седиште и во еден куфер ставен во багажниот простор.

За сребрениот накит за којшто изјавил дека го набавил од Турција лицето не поседувал никаква документација. Против него се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

Царинска управа на РСМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан