• среда, 25 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хутите се закануваат со нови напади врз Израел ако не се почитува примирјето

Хутите се закануваат со нови напади врз Израел ако не се почитува примирјето

Сана, 11 февруари 2025 (МИА) - Поддржаните од Иран јеменски Хути, кои контролираат поголем дел од западен Јемен, вклучително и главниот град Сана, се подготвени да извршат напади врз Израел доколку тој ги обнови нападите врз Газа и не го почитува договорот за прекин на огнот, изјави лидерот на групата Абдул Малик ал-Хути.

Пред постигнувањето на примирјето во конфликтот меѓу Израел и Хамас, Хутите изведуваа напади врз израелски и поврзани со Израел бродови во Црвеното Море, што предизвика нарушување на глобалните синџири на снабдување. Групата тврдеше дека нејзините акции се чин на солидарност со Палестинците во Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан