• сабота, 23 ноември 2024

Хунтата во Мјанмар им се закани на демонстрантите дека ќе им пука во глава

Хунтата во Мјанмар им се закани на демонстрантите дека ќе им пука во глава
Најпјидо, 26 март 2021 (МИА) - Воената хунта во Мјанмар денеска предупреди дека припадниците на безбедносните сили ќе пукаат во главите на демонстрантите. - Треба да знаете дека можете да се најдете во опасност да бидете погодени во глава или грб, изјави претставник на хунтата им се обрајќаки им се на демонстрантите, што е прво признание дека постои наредба да се пука за да се убие. Претходно денеска мјанмарските безбедносни сили отворија оган и убија тројца демонстранти. Според очевидци, двајца од загинатите биле погодени во глава. Според податоци на активистичката група Асоцијација за помош на политичките затвореници, најмалку 320 луѓе се убиени во демонстрациите што почнаа по воениот удар што се случи на 1 февруари. ми/

Остани поврзан