Хуманитарен настап на Ламбе Алабаковски и „Некст тајм“ во Тетово
- Музички спектакл на отворена сцена на 10 и 11 август најавуваат организаторите од иницијативата „Го сакам Тетово“, со настапи на Ламбе Албаковски и „Некст тајм“.
![Хуманитарен настап на Ламбе Алабаковски и „Некст тајм“ во Тетово](https://mia.mk/index.php/images/20221113192755_big_730x400_74.webp )
Тетово, 5 август 2022 (МИА) - Музички спектакл на отворена сцена на 10 и 11 август најавуваат организаторите од иницијативата „Го сакам Тетово“, со настапи на Ламбе Албаковски и „Некст тајм“.
![](/articles/images/%d1%85%d1%83%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0/UUsQXNE7m/placeholder.webp?use_watermark=0)
Концертите ќе бидат на отворено и бесплатно во Жена парк, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и средства за загрозено семејство.
- Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово, истакна Станислав Бојчески од иницијативата.
„Иницијативата „Го Сакам Тетово” најавува и други настани во текот на летото. ас/бт/