• вторник, 24 декември 2024

Христодулидис и Фон дер Лајен на 2 мај заедно ќе го посетат Либан

Христодулидис и Фон дер Лајен на 2 мај заедно ќе го посетат Либан

Атина, 18 април 2024 (МИА) – Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис соопшти дека заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на 2 мај ќе го посетат Либан, за како што рече, да можат да ја покажат практичната поддршка на ЕУ во напорите што се прават со Либан, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипар во изминатиот период се соочува со зголемени мигрантски бранови од Либан, а Христодулидис при пристигнувањето на вонредниот Самит на ЕУ во Брисел, за евентуалната помош за Либан истакна дека веќе разговарал за првиот пакет со претседателката на Комисијата кога се сретнаа во Атина минатата недела, по што следеше и неговата посета на земјата. 

Дополнително рече дека во дискусијата за последиците од ситуацијата на Блискиот Исток, „мора да ја допреме и миграцијата“, особено барањето на Кипар, но и на други земји-членки за одново да се разгледаат конкретни области во Сирија и да се оценат како безбедни.

Паралелно, во однос на иранскиот напад врз Израел и дали е ЕУ ќе има заедничка линија, Христодулидис посочи дека е „тоа е прашање за кое не можеме да имаме различни пристапи“.

-Тоа е прашање за кое, на која страна и да се државите во однос на прашањето за Блискиот Исток, мислам дека по прашањето за Иран нивната линија е обединета, треба да се избегнат какви било активности за дополнителна ескалација на кризата, рече кипарскиот претседател.

Христодулидис истакна дека Самитот е особено важен и поради прашањата поврзани со односите на Европската унија со Турција, посочувајќи дека тајмингот е важен, „земајќи ги предвид напорите на генералниот секретар на Обединетите нации за рестартирање на разговорите за кипарското прашање“.

- Кипарското прашање се поврзува со напредокот на евро-турските односи, се надевам дека преку дискусијата, ќе се даде позитивен сигнал од страна на ЕУ, од земјите-членки, вклучително и нашето позитивно расположение, разврска, која ќе зависи исклучиво од напредокот на кипарското прашање. Драго ми е што во нацртот има конкретно споменување на прашањето за Кипар, на прашањето за продолжување на разговорите, рече Христодулидис. ср/рп/

Остани поврзан