• понеделник, 16 декември 2024

Холандија ѝ префрли на украинската армија три лансери „Патриот“

Холандија ѝ префрли на украинската армија три лансери „Патриот“

Амстердам, 28 ноември 2024 (МИА) - Холандија ѝ префрли на украинската армија три фрлачи на противвоздушниот ракетен систем „Патриот“.

Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс објави фотографии од транспортот на помошта на својот профил на Икс, истакнувајќи дека „запирањето на руската агресија беше и останува заеднички интерес на двете земји“.

„Украинците се соочуваат со тешка зима бидејќи разорните воздушни напади продолжуваат и продолжуваат. Затоа дониравме три лансери 'Патриот'“, кои спасуваат животи и ја штитат критичната инфраструктура“, напиша Брекелманс.

Тој претходно најави дека Холандија ќе одвои 400 милиони евра за заеднички развој на напредни дронови со Украина. Холандија е дел од групата земји кои префрлија борбени авиони Ф-16 на украинската авијација и не поставуваат ограничувања за користење на овие авиони на територијата на Русија.

Претходно денеска германското Министерство за одбрана соопшти дека земјата понудила прераспоредување на системи за противвоздушна одбрана во Полска.

„Ова ќе го заштити логистичкиот центар во Полска, кој е од централно значење за испорака на материјали во Украина“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. паг/

 

Остани поврзан