• четврток, 07 ноември 2024

Хили: Суспензијата на извозот на британско оружје нема да ја загрози способноста на Израел да се брани

Хили: Суспензијата на извозот на британско оружје нема да ја загрози способноста на Израел да се брани

Лондон, 3 септември 2024 (МИА) - Британскиот министер за одбрана Џон Хили денеска изјави дека суспензијата на 30 од 350 британски дозволи за извоз на оружје во Израел нема да ја загрози способноста на Израел да се брани.

„Тоа нема да има материјално влијание врз безбедноста на Израел“, изјави Хили за Тајмс радио, еден ден по објавувањето на суспензијата.

Главниот рабин на Велика Британија, Ефрем Мирвис, ја критикуваше одлуката на британската Влада, која дојде само неколку дена по убиството на шесте израелски заложници во Појасот Газа.

„Невозможно е да се поверува дека британската влада, близок стратешки сојузник на Израел, најави делумна суспензија на дозволите за оружје“, објави Мирвис на својот профил на Икс, додавајќи дека оваа одлука ќе ги зајакне неоснованите тврдења дека Израел го крши меѓународното хуманитарно право. 

Според него, оваа одлука нема да помогне во процесот на ослободување на преостанатите 101 заложник „ниту да придонесе за мирната иднина што Израел ја сака молејќи се за сите луѓе во регионот и пошироко“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан