• сабота, 23 ноември 2024

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти
Скопје, 1 јуни 2021 (МИА) - Негативната „традиција“ бројот на пријавените злосторства од омраза вообичаено да надминува три цифри, од кои злосторствата на етничка и политичка основа се особено бројни, продолжи и во текот на пандемиската 2020 година, соопшти денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права. Комитетот, се наведува има регистрирано вкупно 104 вакви инциденти. - Инцидентите беа регистрирани веднаш по нивното пријавување од страна на медиумите или Министерството за внатрешни работи. Истовремено, 37 инциденти (36 проценти) беа потврдени, додека 67 (64 проценти) сè уште се непотврдени. Повеќето непотврдени случаи се поврзани со ситуации каде според другите индикатори постои основа за верување дека овие пристрасни инциденти се мотивирани од етничката припадност на жртвата, појаснуваат од Хелсиншиот комитет. Под „злосторство од омраза“ во извештајот се подразбира злосторство мотивирано од нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството. Следствено, се вели во соопштението, секој може да биде жртва на злосторство од омраза, иако најчестите жртви се членови на ранливите заедници. - Злосторствата од омраза најчесто се насочени кон членови на различна етничка заедница, религиозни или свети објекти, Роми, сексуални малцинства и внатрешно раселени лица, се посочува во соопштението. Методологијата за пријавување на злосторствата од омраза применета во извештајот, стои во соопштението од Хелсиншопт комитет, се состои од учење од минатите искуства и податоци, одржување интерактивна веб-страница за пријавување на злосторства од омраза, мониторинг на националните печатени и електронски медиуми и пријавување и двојна проверка на злосторствата и инцидентите од омраза со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. цр/ац/    

Остани поврзан