• понеделник, 23 декември 2024

Хезболах ја гаѓаше базата на израелската разузнавачка служба кај Тел Авив

Хезболах ја гаѓаше базата на израелската разузнавачка служба кај Тел Авив

Бејрут, 22 октомври 2024 (МИА) - Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало „ракети“ врз база на израелското разузнавање во предградие на Тел Авив.

Борците на движењето поддржано од Иран пукаа врз „базата Глиот на воената разузнавачка единица 8200“.

Нападот беше посветен на нивниот лидер Хасан Насралах, кој беше убиен од Израел на крајот на септември. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан